|
Опременоста на клиничкиот центар со
најмодерни техничко-технолошки перформанси
кои овозможуваат изведување на најсовремени
стоматолошки интервенции е предуслов за
успешна практична едукација на студентите по
стоматологија од нашата држава и странство,
Високата школа за стоматолошки сестри и
забни техничари и практична едукација за
специјализанти, магистранти и докторанти.
Во просториите на ЈЗУ Универзитетски
стоматолошки клинички центар се организираат
предавања изведувани од професорите од
нашата клиника, како и професори реномирани
во светот, кои ги презентираат најновите
сознанија од областа на стоматологијата.
Покрај тоа се организираат семинари, курсеви
и workshops од реномирани светски
стоматолошки фирми кои ги презентираат
своите нови стоматолошки материјали и
технологии. Ваквите презентации се наменети
не само за вработените на клиничкиот центар
тука нив можат да ги посетуват и
стоматолозите и забните техничари од
Републиката и пошорико. Слични презентации
се одржуваат и од реномирани домашни и
странски професори од сите стоматолошки
области за кои што посетителите добиваат
соодветни сертификати.
Уште една форма за трибинска презентација на
македонската стоматологија и нејзината
афирмација надвор од нашата државата во чија
реализација активно учествува ЈЗУ
Универзитетски стоматолошки клинички центар
се и Конгресите на стоматолозите од
Македонија со меѓународно учество.
|