ЗА НАС
  Клиниката за детска и превентивна
стоматологија е единствена установа од ваков
вид во Република Македонија која нуди
секаков вид на стоматолошки (забоздравствени)
услуги на пациенти од 0-18 годишна возраст,
со врвен квалитет.
ЗОШТО КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКА И ПРЕВЕНТИВНА
СТОМАТОЛОГИЈА ТРЕБА ДА БИДЕ ВАШ ИЗБОР?
 
• Кадровска екипираност на Клиниката со
врвни професионалци - стручњаци од областа
на детската и превентивна стоматологија (професори,
асистенти, клинички лекари).
• Техничка опременост (современа апаратура и
инструменти)
• Примена на современи материјали за
стоматолошки третман, од светски реномирани
производители.
• Примена на најнови-актуелни методи и
техники
• Традиција од околу 50 години стоматолошка
работа со деца.
Работно време: 07:00 – 20:00 часот

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ
Раководител на клиниката:
Prof.dr.sc
Бона Бајрактарова
e-mail: bona.bajraktarova@univdentalclinic.org.mk
Родена во Ново-Село,
Струмица. На Стоматолошкиот факултет во
Скопје дипломирала во 1973. Докторирала во
1988 година. Во 1989 е избрана во звањето
доцент, во 1994 во звањето вонреден
професор, а во редовен во 1999. Во трајно
звање на редовен професор е од 2004 година.
Оснивач и претседател е на Македонското
Здружение за педодонција и дентална
трауматологија (2005), член на Македонското
стоматолошко друштво, на IAPD. Студиски
престои: во Берли (1985;1993), Бон (1985),
Амстердам (1994; 1997). Автор на книгите:
Млечни и трајни заби (1994); Трајна
дентиција-ембриологија и
анатомохистоморфологија (2000) Дентална
трауматологија (2006); Хистолошка градба и
ембрионален развиток на усната празнина
(2004) и др. Поле на посебен
професионален интерес: Естетски дентални
реставрации; дентални повреди; стоматолошка
превентива. Добитник на Климентовата награда
на Р. Македонија во 2000, во доменот на
здравството.

СТРУЧЕН ТИМ
ПРОФЕСОРИ
НАУЧНИ СОРАБОТНИЦИ
АСИСТЕНТИ
КЛИНИЧКИ ЛЕКАРИ - СПЕЦИЈАЛИСТИ
СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ
Работен капацитет на клиниката:
- кабинет (едно работно место)
- рутинска сала (три работни места)
- две сали за клинички студентски вежби (по
10 работни места)
- сала за претклинички студентски вежби (10
работни места)

СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ
1. Третман на заболувања на млечните и
трајните заби
2. Безболно лекување на заби со ласер
3. Современи, беспрекорни естетски
реставрации на:
- скршени заби
- дефекти од кариес
- наследни аномалии на забите (променета
боја или дефекти во структурата на забите)
4. Лекување на повреди на забите
5. Превентива: совети и мерки (флуоридација;
залевање на фисури и јамички) за спречување
на забниот кариес.
6. Целокупен стоматолошки третман на деца под
ОПШТА АНЕСТЕЗИЈА
пред третман
 |
по третман
 |
|
пред третман
 |
по третман
 |
| |
|
|
|
|
пред третман
 |
по третман
 |
|
пред третман
 |
по третман
 |
ОПШТА АНЕСТЕЗИЈА
Само на Клиниката за детска и превентивна
стоматологија може да бидат пломбирани и
лекувани заби (на здрави деца кои не
соработуваат или хендикепирани деца и
возрасни) - под општа анестезија.
Во една посета, се згрижува целото забало на
пациентот - сите заби на кои е потребна
стоматолошка интервенција.
Третманот под општа анестезија се изведува
максимално професионално, и во максимално
безбедни услови. Салата во која се
изведуваат интервенции под општа анестезија
е опремена со целокупната потребна апаратура,
а самата анестезија ја води специјалист -
анестезиолог.

ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРЕГЛЕДИ
Пациентите можат да закажуваат прегледи и
стоматолошки интервенции на тел: 02/3299
005.
Работно време: 07:00 – 20:00 часот
КОНТАКТ
Клиника за детска и превентивна
стоматологија
Универзитетски стоматолошки клинички центар
Водњанска 17, Скопје
Контакт телефон: 02/ 3299 005
e-mail: bona.bajraktarova@univdentalclinic.org.mk
|