за нас

  историјат
  менаџерски тим
  структурна поставеност

  клиники

    детска и превентивна стоматологија со оддел за анестезија и реанимација

ортодонција со заботехничка лабораторија

фиксна стоматолошка протетика со заботехничка лабораторија

мобилна стоматолошка протетика со заботехничка лабораторија

болести на забите и ендодонтот

орална хирургија

имплантологија

болести на устата и пародонтот

биохемиска лабораторија

рендген оддел

  стоматолошки услуги

  естетска стоматологија

  научно-истражувачка работа

  едукативна дејност

  фотогалерија

  настани

  контакт

  јавни набавки


 

| прва страница |

За нас : Организациона поставеност : Стручен тим : Стоматолошки услуги : Заботехничка лабораторија : Закажување и контакт: Стоматолошки услуги
ИСПИТНИ ПРАШАЊА  : СЕМИНАРСКИ ТЕМИ : РЕЗУЛТАТИ ОД КОЛОКВИУМИ

ЗА НАС

 

На клиниката за мобилна стоматолошка протетика ќе бидете топло и срдечно примени. За сите ваши потреби и прашања што Ве интересираат ќе добиете прецизен и стручен совет што е најдобро да направите со Вашите заби во овој момент. На располагање Ви стојат секогаш подготвени доктори на науки, професори, лекари-специјалисти кои најдобро знаат што Ви е потребно на Вас, за да ја повратите изгубената насмевка на лицето. Имате можност да се определите за најсовремени техники за изработување на стоматолошки протетски помагала со нашите врвни стручњаци.



ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Работен капацитет на клиниката:

- Клиничка мобилна протетика;
- Претклиничка мобилна протетика;
- Забна техника за изработка на подвижни протези.








СТРУЧЕН ТИМ

ПРОФЕСОРИ

НАУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

АСИСТЕНТИ

ДОКТОРИ - СПЕЦИЈАЛИСТИ

ДОКТОР - СТОМАТОЛОГ

СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ

СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ

 

- Утврдување на здравствената состојба и дијагноза на заболувања на вилиците и забите, на меките орални ткива, ТМЗ и другите елементи на стоматогнатниот систем;
- Проценување на квалитетот на нормалните или нарушените функции на стоматогнатниот систем;
- Планирање и терапија на делумна беззабост;
- Планирање и терапија на целосна беззабост;
- Планирање и терапија на субтотална беззабост;
- Планирање и терапија на состојбите со нарушени меѓувилични односи;
- Изработка на акрилатни делумни и целосни протези;
- Изработка на мобилни протези со метална основа ;
- Изработка на субструктури над имплантати;
- Оценување на функционалната вредност на протетичките изработки;
- Дијагноза и терапија на промените на оралните ткива, што се последица на негативни дејства на протетичките изработки;
- Дијагноза и терапија на хиперсензитивните реакции на организмот кон протетичките изработки.

 

При изработувањето на протетичките изработки се применуваат сите современи методи и техники за изработка на акрилатни протези и протези на метална основа, паралелометрија, фрез-техника, атечмен-техника и магнетни ретенциони системи.
Освен стандардните клинички дијагностички и терапевтски методи клиниката користи и други научни методи меѓу кои:

- Гнатодинамометрија;
- Рендгенкраниометрија;
- класична и компјутеризирана томографија;
- електомиографија;
- мастикациографија;
- CONDYLOKOMP систем;
- Т - скен систем за анализа на оклузијата;
- сопствен ФА-ДЕ модул за избирање големината на вештачките заби и други регистрати на интермаксиларните односи, движењето на мандибулата и динамиката во ТМЗ.

 



ЗАБОТЕХНИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА

МОБИЛНА ТЕХНИКА

Во склоп на Клиниката за фиксна стоматолошка протетика и Клиниката за мобилна стоматолошка протетика функционираат две одделни заботехнички лаборатории.

Лабораториите од просторен аспект функционираат во:

Две заботехнички лаборатории во кои работата се одвива во две смени.
Заботехничка лабораторија за изработка на металкерамички и неметални фиксни протетички конструкции.
Заботехничка лабораторија за изработка на скелетирани протетички конструкции.
Заботехничка лабораторија за примена на фрез техника.
Две заботехнички лаборатории за изведување на практична настава за студентите и за школата за високи забни техничари.

Раководител на заботехничката лабораторија (фиксна и мобилна) е
Проф д-р.Ерол Шабанов д-р. сци.

МОБИЛНА ЗАБНА ТЕХНИКА
На Клиниката за мобилна стоматолошка протетика функционира современа заботехничка лабораторија, во која се изработуваат протетички помагала од висококвалитетен материал, при тоа користејќи најсовремена заботехничка апаратура. Со помош на најнови методи се изработуваат:

1.Скелетирани (Co-Cr-Mo) протези (со и без атечмени)
 

2.Тотални и парцијални класични протези

 

3.Протези според Ivocap системот
 

4.Протези од мек акрилат

5.Имедијатни протези

6.Специјални протези појачани против кршење
 

7.Специјални протези наменети за пациенти кои се алергични на различни видови на акрилатни маси
8.Изработка на оклузални вметнувачи (сплинтови) кај пациенте со виличнозглобни неправилности
9.Вметнувачи што се користат кај одредени видови спортови
10.Ребазации со целосна промена на протезната основа
11.Репаратури на извадени заби и додавање на кукички во протезите
12.Репаратура на скршени скелетирани протези со додавање на вештачки заби
13.Репаратури на сите видови атечмени што се користат во парцијалната протетика

 

За сите видови забнотехнички изработки се грижи високо стручен тим составен од 19 искусни забни техничари. Дел од долунаведените забни техничари се обучени да вршат обука според техниката на BPS методот за изработка на тотални протези, односно тие се лиценцирани за обука на други забни техничари. Лиценцата е потврдена од страна на производителот Ivoklar.

 



- Стефановски Петре- шеф на мобилна заботехничка лабораторија
- Костовски Горан- заменик шеф
- Марковска Наташа-забен техничар со завршена Висока школа за забни техничари
- Владева Нада - забен техничар
- Марковска Менка- забен техничар
- Петровски Методија- забен техничар
- Шапова Зорица- забен техничар
- Диневска Лујза- забен техничар
- Аврамовска Славица- забен техничар
- Димовски Гоце- забен техничар
- Василевски Зоран- забен техничар
- Мирчевска Севда- забен техничар
- Дишлијоска Даниела- забен техничар
- Тембелевска Маргарита- забен техничар
- Димовски Игор- забен техничар
- Стефановска Марица- забен техничар
- Насковска Слаѓана- забен техничар
- Пецовска Слаѓана- забен техничар
- Ристовски Димитар- забен техничар


ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРЕГЛЕДИ

Пациентите можат да закжажуваат прегледи и стоматолошки интервенции на тел: 02/3299 032.

Работно време:
07:00 – 20:00 часот

КОНТАКТ

Клиника за болести на забите и ендодонтот
Универзитетски стоматолошки клинички центар
Водњанска 17
Скопје

Контакт телефон: 02/ 3299 032
e-mail: dragoljub.veleski@univdentalclinic.org.mk
 


© Copyright 2006 ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Св. Пантелејмон - Скопје. All rights reserved.