за нас

  историјат
  менаџерски тим
  структурна поставеност

  клиники

    детска и превентивна стоматологија со оддел за анестезија и реанимација

ортодонција со заботехничка лабораторија

фиксна стоматолошка протетика со заботехничка лабораторија

мобилна стоматолошка протетика со заботехничка лабораторија

болести на забите и ендодонтот

парадонтална хирургија

орална хирургија

имплантологија

болести на устата и пародонтот

биохемиска лабораторија

рендген оддел

  стоматолошки услуги

  естетска стоматологија

  научно-истражувачка работа

  едукативна дејност

  фотогалерија

  настани

  контакт

  тендери


 

| прва страница |
За нас : Организациона поставеност : Стручен тим : Стоматолошки услуги : Заботехничка лабораторија : Закажување и контакт
ЗА НАС

 

Клиниката за ортодонција ги следи и применува најновите трендови од ортодонтската струка и наука, апликативно како во едукација на студентите, специјализантите, магистрите и докторите од стоматологија,така и во секојдневната пракса. Клиниката располага со сите современи дијагностички методи за откривање на етиолошките фактори кои го нарушуваат нормалниот раст и развој во орофацијалната регија и доведуваат до појава на малоклузии. Применувајќи различни методи од фиксната и мобилната ортодонтска техника, целиме кон корекција на нарушените орофацијални функции и дентоалвеоларни и вилични неправилности како и подобрување на естетскиот изглед на пациентот. Клиниката за ортодонција активно е вклучена во ортодонтско-хируршкото лекување на пациенти со расцепи, чиј број за жал од ден на ден е се поголем.

Посебен интерес се посветува на задоволување на естетската и функционална корекција кај пациентите со различен степен на малоклузии. Кај адултната популација освен естетска и функционална корекција, делуваме и превентивно на појавата на пародонтопатијата, како и припремање на пациентот за протетска рехабилитација.

За тоа се грижи највисоко едуциран стручен тим.


ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Работен капацитете на клиниката:
- Кабинет со едно работно место;
- Рутинска сала со три работни места;
- Работна сала со десет работни места;
- Сала за изведување на предклинички вежби;
- Заботехничка лабораторија;
- Заботехничка лабораторија за изведување на практични вежби.

СТРУЧЕН ТИМ

ПРОФЕСОРИ

НАУЧНИ СОРАБОТНИЦИ

АСИСТЕНТИ

ДОКТОРИ - СПЕЦИЈАЛИСТИ

ДОКТОРИ - СТОМАТОЛОЗИ

СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ

СТОМАТОЛОШКИ УСЛУГИ

1. Специјалистички преглед на пациент со комплетна медицинска документација и рентген дијагностика (ортопантомограм, телерентгенограм, ретроалвеоларна снимка, оклузална снимка, дентална профилна снимка, рентгенграфија на шака);
2. Анатомски отпечаток од пациент и изработка на студиски модел;
3. Гнатометриска анализа на студиски модел и одредување на заклучна дијагноза;
4. Анализи на телерентген снимки;
5. Превентивни ортодонтски мерки;
6. Интерцептивна ортодонтска терапија, миофункционални вежби, и примена на интерцептивни апарати: коса рамнина, брадова држалка, вежба со шпатула, чувар на простор, вестибуларна плоча, селективно состружување на заби;
7. Терапија на забно-вилични неправилности со активни мобилни апарати;
8. Терапија на забно-вилични неправилности со функционални апарати (активатори по Andresen-Houple, бионатори по Balters, апарат по Stockfisch, Karwetzky, Grude, Bimller, регулатор на функција по Frankel, Twin-blok апарат, позиционери);
9. Терапија на забно-вилични неправилности со фиксни ортодонтски апарати (edgewise техника, техника на прав лак, лингвални и палатинални лакови- guskarijan лак);
10.Ортодонтски апарати за брза максиларна експанзија (апарат за цепење на непце со Hyrax шраф, Quad helix);
11.Терапија на тешки форми на забно-вилични аномалии со употреба на Headgear, Delaire-ова маска;
12.ПреДоперативен и постоперативен третман на пациенти со heilognatopalatoshiza (изработка на оптуратори, активно ортодонтско лекување со мобилни и фиксни ортодонтски апарати);
13.Третман на пациенти со синдроми во орофацијалната регија;
14.Ортодонтско-хируршки третман на импактирани заби (канини, инцизиви, премолари, трети молари);
15.Ортодонтски третман на пациенти со дисфункција на ТМЗ и фрактура на colum mandibulae;
16.Терапија на пациенти со бруксизам;
17.Ортодонтско-протетски третман на пациенти;
18.Адултна ортодонција

Сите терапевтски постапки се изведуваат со најсовремени техничко-технолошки процедури, материјали ,техники, услови и со соодветно едуциран ортодонтски тим.

ЗАБОТЕХНИЧКА ЛАБАРАТОРИЈА

На Клиниката за ортодонција се изработуваат сите актуелни мобилни и фиксни апарати според светските стандарди. Заботехничката лабораторија  ја сочинува тим од седум забни техничари од кои еден дипломиран стручен забен техничар. Тимот Ви нуди изработка на најсовремени активни, функционални, интерцептивни и ретенциони апарати изработени од материјали со врвен квалитет. Тимот го карактеризира професионалност, стручност, колегијалност, срдечност и разбирање на потребите на пациентите. Континуираната едукација и усовршувањето како и пратењето на трендовите во светската ортодонција се примарна цел на работата.

Ви нудиме изработка на

1. Оптуратори за пациенти со расцепи на непце.

2.
Интерцептивни помагала.

3.
Активни мобилни апарати.

 

4. Функционални апарати
    - апарати за корекција на штетни навики(бруксизам)
    
- twin block апарат
    - апарат по Grude
    - апарат po Andersen-Houpel
    - бионатор
    - Fraenkel-ов апарат и др.
    -
дуковатор

   
   

5. Фиксни апарати
    - палатинален и лингвален лак
    - quad-helix апарат
    - pendulum
апарат
    - lip bumper  
    - Headgear
    -
апарат за цепење на непце  
    - Delaire-ова маска и др.

Сите изработки се во консултација и соработка со нашите истакнати професори, научни соработници, асистенти и лекари специјалисти.

Ваш партнер во интерес на здравјето и естетиката на Вашите заби.

Тимот го сочинуваат:

Тодоровска Снежана
Маркиќ Горица
Панчевски Ѓоко
Даневска Весна
Стојановска Наташа
Томевски Александар
Стојановска Евица

ЗАКАЖУВАЊЕ НА ПРЕГЛЕДИ

ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕГЛЕДИ

Пациентите можат да закажуваат ортодонтски прегледи ,совети и интервенции на телефон 02/3299 011.

Работно време:

07:00-20:00 часот


КОНТАКТ

Клиника за ортодонција
Универзитетски стоматолошки клинички центар
Водњанска 17
Скопје

Контакт телефон:
02/3299 011

e-mail:
marija.zuzelova@univdentalclinic.org.mk
 


© Copyright 2006 ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Св. Пантелејмон - Скопје. All rights reserved.