|
•
ПРИЕМЕН ОДДЕЛ
• КЛИНИКА ЗА ДЕТСКА
И ПРЕВЕНТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА
• ОДДЕЛ ЗА ПАЦИЕНТИ
СО СПЕЦИЈАЛНИ ПОТРЕБИ (хендикепирани лица,
лица со патолошки страв)
•
КЛИКА ЗА
ОРТОПЕДИЈА НА ВИЛИЦИ И ЗАБИ СО ЗАБОТЕХНИЧКА
ЛАБОРАТОРИЈА
•
КЛИНИКА ЗА
ФИКСНА СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА СО
ЗАБОТЕХНИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА
• КЛИНИКА ЗА МОБИЛНА
СТОМАТОЛОШКА ПРОТЕТИКА СО ЗАБОТЕХНИЧКА
ЛАБОРАТОРИЈА
•
КЛИНИКА ЗА
БОЛЕСТИ НА ЗАБИТЕ И ЕНДОДОНТОТ
•
КЛИНИКА ЗА
ОРАЛНА ХИРУРГИЈА
•
ОДДЕЛ ЗА
ИМПЛАНТОЛОГИЈА
•
КЛИНИКА ЗА
БОЛЕСТИ НА УСТАТА И ПАРОДОНТОТ
•
ИНСТИТУТ ЗА
НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА
•
ДЕЖУРНА И НОЌНА
СЛУЖБА
•
БИОХЕМИСКА
ЛАБОРАТОРИЈА
•
РЕНДГЕН КАБИНЕТ
•
ЦЕНТАР ЗА
АВТОМАТСКА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ

ПРИЕМЕН ОДДЕЛ
Приемниот оддел е
сместен на приземјето во Стоматолошки
клинички центар каде што е првиот контакт на
пациентите со нашата клиника. Овде може да
се добијаат сите потребни информации.
Во
приемниот оддел се врши регистрирање на
пациентите кои за прв пат доаѓаат на
клиниката и се упатуваат на соодветната
клиника.
Потребните документ што
треба да ги носи пациентите:
За осигуреници жители на
Скопје:
1. Здравствена
книшка;
2. син картон или
последен чек од пензија.
За осигуреници ко не се
жители на Скопје:
1. Здравствена
книшка;
2. син картон или последен чек
од пензија.
3. за пациенти кои
се надвор од Скопје (специјалистички упат)
Пациентите кои се
ослободени од партиципација потребно е да
достават валидно решение.
За пациентите кои не се
осигуреници или се од странство лекувањето
на клиниката е приватно.
Прием на пациенти:
Стоматолошки клинички
центар работи во две смени од 7:30-19:00
часот.
Центарот има ноќна
дежурна служба која работи и за време на
викенди и празници.

ИНСТИТУТ
ЗА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА
Институтот е сместен во
посебни простории на третиот кат од
Стоматолошкиот клинички центар. Намената на
Институтот е да ја координира научната
работа на вработените научни работници и
идните млади научни работници од Клиниките
на ЈЗО Стоматолошки клинички центар во
Скопје.
Во просториите на
Институтот за научно - истражувачка работа е
сместена и Библиотека со богата и современа
стручна литература од домашни и странски
автори, како и со стручни списанија ,
публикации и т.н. Библиотеката користејќи
ги Интернет услугите, се поврзува со
реномирани светски библиотеки, и на тој
начин има можност да ги прати сите новини
од областа на светската стоматолошка
теорија и практика.

АМФИТЕАТАР
Амфитеатарот е сместен во
сутеренот на Стоматолошкиот клинички центар.
Опремен е со најсовремена
нагледна и помошна техничко-технолошка
опрема (ЛЦД проектори, видео камери,
графоскопи, дијаскопи, опрема за видео
презентации и сл.). Ваквата опрема создава
услови за изведување на нагледна и динамична
теоретска настава за студентите на
Стоматолошкиот факултет, Високата школа за
стоматолошки сестри и забни техничари и
теоретска настава за специјализанти.
Во амфитеатарот се
одржуваат одбраните на докторските и
магистерските дисертации, едукативни
предавања и курсеви. |